| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина ќе биде кума: Се мажи Ана Шутиноска

Водителката и новинар од „Антена 5“ радио Ана Шутиноска, во сабота ќе се мажи за стоматологот Гордан Лазаревски, пренесува „Женски магазин.“

Свадбата, вели Ана ќе биде интимна забава за најблиските пријатели и родинини, а поп-ѕвездата Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Михаил Корубин ќе им бидат кумови.

Таа и Гордан се заедно една година, а се свршија во јануари кога Гордан ја побара за жена на семеен ручек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top