– Полициската станица што се наоѓа на територијата на општина Бутел има значителни позитивни резултати во изминатата година во намалувањето на криминалитетот и особено во делот на регулирањето на сообраќајот – рече министерот Оливер Спасовски по денешната посета на општина Бутел по средбата со градоначалникот Велимир Смилевски.
На средбите во полициската станица и во локалната самоуправа се разговараше и за референдумот на 30 септември.
– Ова е историски миг за нашата држава. Апелирам ако кој било се заканува на кој било граѓанин да не излегува на референдум, граѓаните тоа да го пријават во најблиската полициска станица. Несомнено е дека и граѓаните од општина Бутел се подготвени да и дадат шанса на Република Македонија и да ги поддржат ЕУ и НАТО интеграциите – рече Спасовски.
Тој рече дека МВР ги презема сите неопходни мерки за претстојните посети на високи странски делегации, а самите посети се доказ за поддршката што Република Македонија ја има од меѓународната заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)