| четврток, 6 декември 2018 |

Риболовлјев во лов по Кристијано Роналдо

Богатиот руски сопственик на Монако, Дмитри Риболовлјев тргна во лов по Кристијано Роналдо, но не како засилување за оваа сезона, туку за трансфер на Португалецот од 2014 година. Француските медиуми тврдат дека Риболовлјев и „CR 7“ имале средба, за време на одморот на Кристијано  во Монте Карло. Со нив на маса бил и менаџерот на Португалецот Жорге Мендеш. Наводно понудата на рускиот тајкун е повеќе од 20 милиони евра плата по година, што би бил рекорд.

Роналдо има договор со Реал до 2015 година, и одолговлекува со продолжување на истиот, што значи дека ако не се сменат работите, идното лето „кралевите“ ќе мора да го продадат Кристијано како би заработиле од неговиот трансфер.

Сепак според изјавите што самиот играч ги даде трансферот во Монако, засега е без поткрепа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top