| четврток, 6 декември 2018 |

Тајфунот Џеби во Јапонија – најсилниот тајфун во последните 25 години (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку 10 луѓе го загубија животот во разорниот тајфун што ја погоди Јапонија. Околу 300 луѓе се повредени од тајфунот, според портпаролот на владата, Јошихиде Суга. Утрово властите издале наредба за евакуација на над еден милион и 200 000 луѓе.

Невремето зад себе остави хаос, откорнати дрвја, уништени автомобили, урнати згради и куќи, уништени бродови. Најлошо се погодени градовите Кјото и Осака.

Авионските летови, возовите и бродовите се откажани, а илјадници патници кои беа заробени на меѓународниот аеродром во Осака се евакуирани.

И покрај тоа што времето се смири, ветровите ја намалија брзината и продолжија да се движат кон север, властите ги предупредија луѓето да бидат внимателни поради можни поплави и лизгање на земјиштето.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top