| четврток, 6 декември 2018 |

Сакав да бидам космонаут, но среќен сум што сум актер

Со са­мо 23 го­ди­ни, тој е најм­ла­ди­от актер што до­се­га ја до­бил На­гра­да­та за млад актер „Трај­ко Чо­рев­ски“ на фе­сти­ва­лот „Вој­дан Чер­но­дрин­ски“ во При­леп. Ва­лен­тин Ко­ста­ди­нов­ски дип­ло­ми­ра на Уни­вер­зи­те­тот за ау­ди­о­ви­зу­ел­ни умет­но­сти ЕСРА – Скоп­је во кла­са­та на про­фе­со­рот Ро­берт Ве­ља­нов­ски во 2008 го­ди­на, а од 2012 го­ди­на е дел од Те­а­тар Ко­ме­ди­ја, ка­де што уло­га­та на Коч­кар­јов во прет­ста­ва „Же­нид­ба“ му ја до­не­се оваа зна­чај­на на­гра­да.

Со ог­лед на тоа де­ка со на­гра­да­та за млад актер „Трај­ко Чо­рев­ски“ поч­на­ла ус­пеш­на­та ка­ри­е­ра на мно­гу до­ка­жа­ни ма­ке­дон­ски акте­ри, што прет­ста­ву­ва таа пр­во лич­но за те­бе, а по­тоа и ка­ко сме­таш де­ка ќе вли­јае врз тво­јот про­фе­си­о­на­лен жи­вот?
Ти­но: Су­пер, не зна­ев де­ка сум најм­ла­ди­от до­бит­ник на на­гра­да­та, ете уште еден ќеф по­ве­ќе. Мно­гу се из­не­на­див ко­га доз­нав де­ка сум до­бил на­гра­да. Не ја оче­ку­вав за­што ова ми е са­мо вто­ра прет­ста­ва  со ко­ја сум играл на фе­сти­ва­лот. Пред тоа са­мо сум гле­дал (се смее).  Ка­ко за ме­не, а ве­ру­вам де­ка и за се­кој, не са­мо актер, ту­ку ар­тист, на­гра­ди­те се мно­гу важ­ни. Пред сѐ, по­ра­ди тоа што тие се по­твр­да за до­бро сра­бо­те­на ра­бо­та, до­каз де­ка си на прав пат и де­ка не­кој го це­ни и вред­ну­ва тоа што го пра­виш. Без раз­ли­ка ка­ква и ко­ја е на­гра­да­та, таа е огром­на лич­на са­ти­сфак­ци­ја. На­гра­ди­те исто­вре­ме­но но­сат од­го­вор­ност, еден вид об­вр­ска кон са­ми­от се­бе. Не­што што во ид­ни­на, пред сѐ, тре­ба да го по­твр­диш и да не доз­во­лиш да пад­неш под ни­во­то што си го по­ста­вил са­ми­от на се­бе. Оваа на­гра­да и тоа ка­ко ми зна­чи. Пр­во за­тоа што е пр­ва, а по­на­та­му за­тоа што е до­би­е­на на нај­го­ле­ми­от ма­ке­дон­ски те­а­тар­ски фе­сти­вал „Вој­дан Чер­но­дрин­ски“, ка­де што се со­би­ра­ат нај­до­бри­те прет­ста­ви од си­те те­а­три низ зем­ја­ва. Си­гу­рен сум де­ка оваа на­гра­да ќе вли­јае по­зи­тив­но врз ме­не за­тоа што ќе ми да­де пот­тик и мо­тив по­на­та­му да ра­бо­там и да си ги по­ме­сту­вам са­мо­за­да­де­ни­те гра­ни­ци.

tino zenidba

Претставата „Женидба“ – Театар Комедија

Кол­ку се про­нај­де во уло­га­та на Коч­кар­јов?
Ти­но: Н.В. Го­гољ е огро­мен автор. Еден од најз­на­чај­ни­те во свет­ска­та дра­ма­тур­ги­ја. Те­ми­те во не­го­ви­те тек­сто­ви се без­вре­мен­ски и се­ко­гаш се акту­ел­ни. За ме­не, искре­но, бе­ше пре­диз­вик да се ра­бо­ти Го­гољ и не­го­ва­та „Же­нид­ба“. Уште на по­че­то­кот на про­це­сот ре­жи­се­рот Де­јан Прој­ков­ски ре­че де­ка ко­га ќе ја откри­е­ме го­ле­ми­на­та на авто­рот ќе на­пра­ви­ме до­бра прет­ста­ва. За ме­не го­ле­ми­на­та на Го­гољ, по­крај дру­ги­те ра­бо­ти, кои не би са­кал да ги отво­рам за­тоа што ќе изг­ле­да ка­ко да од­го­ва­рам на ис­пит по свет­ска дра­ма­тур­ги­ја, е во тоа што, тој во не­го­ви­те пи­е­си оста­ва тол­ку мно­гу про­стор за меч­та­е­ње и за кре­и­ра­ње на ли­кот, што е не­воз­мож­но кој би­ло актер да не ужи­ва играј­ќи го не­го­ви­от текст. Коч­кар­јов ве­ли де­ка ја раз­би­ра љу­бо­вта и бра­кот, а не­го­ва­та де­фи­ни­ци­ја за љу­бов е: „Не ти е љу­бо­вта  дој­ди и љу­бов, љу­бо­вта ти е по­ве­ќе оди и љу­бов“. Не­воз­мож­но е да не се про­нај­деш во ва­ков лик. По­крај сѐ, ли­кот на Коч­кар­јов ми лег­на и по­ра­ди не­го­ва­та енер­гич­ност, сна­од­ли­вост, лу­ка­вост, вер­ба, ду­хо­ви­тост и најм­но­гу по­ра­ди тоа што тоа е еден од нај­го­ле­ми­те иди­о­ти (во по­зи­тив­на смис­ла) до­се­га на­пи­ша­ни (се смее).

Од­ли­чен впе­ча­ток оста­ви кај пуб­ли­ка­та и со уло­га­та во прет­ста­ва­та „За се­ко­го има по ед­на…“ Нај­го­ле­ми­от ап­ла­уз го со­бра­вте ток­му ти и Жар­ко Ди­мо­ски. Би мо­жел ли да од­во­иш ко­ја е уло­га­та што по­до­бро ти лег­на?

glumec

Претставата „За секого има по една…“ – Театар Комедија

Ти­но: Иди­от­ски е да ка­жам де­ка се­ко­ја уло­га е ед­на­кво важ­на. Тоа не е та­ка, се­ко­гаш има по­дра­ги и не тол­ку дра­ги уло­ги, си­те се важ­ни да, но не ед­на­кво. Ко­га би тре­ба­ло да из­би­рам ме­ѓу овие два ли­ка уба­во би по­драз­мис­лил и не знам на кра­јот да­ли би смис­лил. Два­та ли­ка се мно­гу раз­лич­ни, тоа се два раз­лич­ни све­та, два раз­лич­ни сти­ла на игра, два ти­па на ху­мор, две раз­лич­ни уба­ви­ни. Ро­мот Рам­бо од „За се­ко­го има по ед­на…“ го са­ка­ме и јас и пуб­ли­ка­та за­тоа што тоа е ед­но Ром­че со кое ние се­којд­нев­но се сре­ќа­ва­ме низ скоп­ски­те ули­ци. Тоа се тие ли­ко­ви што се­ко­гаш нѐ те­ра­ат да се сме­е­ме и нѐ рас­по­ло­жу­ва­ат, не за­тоа што се Ро­ми, ту­ку за­тоа што и по­крај нив­на­та си­ту­а­ци­ја ја има­ат нај­ду­хо­ви­та­та, нај­по­зи­тив­на и нај­ве­дра енер­ги­ја. Јас лич­но мно­гу ги са­кам ка­ко на­род, ток­му по­ра­ди ова. Што и да им се слу­чу­ва во жи­во­тот, тие се по­зи­тив­ни, ве­дри, нас­ме­а­ни, тоа е еден иск­лу­чи­тел­но му­зи­ка­лен на­род, кој ужи­ва во чер­гар­ски­от жи­вот и пра­ви свад­би по пет де­на. По­ра­ди се­то ова си го са­кам Раб­мо, на­ви­сти­на мно­гу ужи­вам до­де­ка го играм.

Те­а­та­рот Ко­ме­ди­ја и са­ми­от е „млад“ те­а­тар, а е со­ста­вен, глав­но, од мла­ди акте­ри, до­би­ва­те ли до­вол­но вни­ма­ние од јав­но­ста и да­ли ве­ќе ве гле­да­ат ка­ко се­ри­о­зен про­ект?
Ти­но: Си­гу­рен сум де­ка до­би­ва­ме до­вол­но вни­ма­ние. Кај нас ка­ко жанр ко­ме­ди­ја­та е нај­ба­ра­на са­ка­ле ние или не, тоа е тоа што по­ве­ќе­то лу­ѓе го са­ка­ат, го ба­ра­ат и ужи­ва­ат гле­дај­ќи го. Тоа е и при­чи­на­та што е отво­рен на­ши­от те­а­тар.  Ние за са­мо ед­на и пол се­зо­на, отко­га функ­ци­о­ни­ра­ме, има­ме пол­ни са­ли, лу­ѓе­то ги ба­ра­ат прет­ста­ви­те, ја са­ка­ат ко­ме­ди­ја­та. Ше­сте на­гра­ди што ги осво­ив­ме,три на фе­сти­ва­лот во Мо­стар „Мо­стар­ска ли­ска“ и три на МТФ „Вој­дан Чер­но­дрин­ски“, две­те ме­ѓу­на­род­ни го­сту­ва­ња во Траб­зон – Тур­ци­ја и во Мо­стар – Б и Х за са­мо ед­на и пол го­ди­на по­сто­е­ње, и тоа ка­ко се по­твр­да де­ка ние ка­ко те­а­тар се­ри­оз­но сме за­бе­ле­жа­ни, ви­де­ни и  це­не­ти по тоа што го ра­бо­ти­ме. По­го­ле­ми­от дел од ан­самб­лот сме мла­ди и, спо­ред ме­не, тоа е тоа што е на­ша дви­жеч­ка си­ла се­га и во ид­ни­на. Ат­мо­сфе­ра­та во те­а­та­рот е пре­крас­на, искре­но има по­же­лу­вам на си­те ко­ле­ги да си нај­дат ва­ков ан­самбл. Си­те сме по­лет­ни, кре­а­тив­ни, жел­ни за ра­бо­та, пол­ни со енер­ги­ја и со жел­ба за до­ка­жу­ва­ње. Па, не­ли  „На мла­ди­те све­тот оста­ну­ва“. (се смее)

Кој има­ше нај­го­ле­мо вли­ја­ние во тоа ти да ста­неш актер? Бе­ше не­што што отсе­ко­гаш го са­ка­ше, од кој во се­мејс­тво­то до­би нај­го­ле­ма под­др­шка?
Ти­но: Не, не са­кав отсе­ко­гаш да би­дам актер. На по­че­то­кот са­кав да би­дам кос­мо­на­ут, по­тоа ед­но вре­ме са­кав да би­дам ги­та­рист, па фуд­ба­лер, па ка­ра­тист, па пли­вач, па ед­но вре­ме од до­ма ме ви­каа ад­во­кат, ама мал бев не раз­би­рав што е тоа и ги ба­та­лив, па са­кав ко­шар­кар, па ед­но вре­ме мис­лев пси­хо­лог да би­дам, де­ка пси­хо­ло­гот во шко­ло мно­гу се­ри­оз­но и глав­но ми се чи­не­ше, па по­тоа хе­ми­чар, па пак ко­шар­кар, и ко­га ви­дов де­ка за ни­што не ме би­ва, ре­ков ќе се оби­дам уште актер и ако и за тоа не ме би­ва да си го ба­рам ча­ре­то. Ама ете се чи­ни ова најм­но­гу ми се до­пад­на и во­оп­што не ми е кри­во де­ка не ста­нав ни­што од на­бро­е­но­то (се смее). Се­ко­ја чест за мо­и­те до­ма, за што и да се ре­шев ми ви­каа со те­бе сме си­не (поз­драв, та­тко). Ше­га­та на стра­на, мо­и­те до­ма ме со­ве­ту­ваа и ми збо­ру­ваа, ка­ко и си­те ро­ди­те­ли, за тоа што мис­леа де­ка е нај­до­бро за ме­не, но на кра­јот се­ко­гаш ја по­чи­ту­ваа мо­ја­та од­лу­ка. Им бла­го­да­рам.

Valentin Kostadinovski 01

Ка­ко по­ми­ну­ва еден твој ден во мо­мен­ти­те ко­га под­го­тву­ва­те но­ва прет­ста­ва и ка­ко се под­го­тву­ваш за тво­ја­та след­на уло­га? Што е след­но со што ќе те гле­да­ме на сце­на­та во Драм­ски те­а­тар?
Ти­но: Ко­га ра­бо­ти­ме прет­ста­ва де­нот изг­ле­да : Про­ба- до­ма – про­ба, и сѐ ме­ѓу тоа. Уба­во­то е што и во тоа „сѐ ме­ѓу тоа” ние ра­бо­ти­ме, кре­и­ра­ме, соз­да­ва­ме и мис­ли­ме. Не мо­жеш или ба­рем не тре­ба да ра­бо­тиш са­мо до­де­ка трае про­ба­та. Ко­га си во про­цес на ра­бо­та, ба­рем спо­ред ме­не, по­сто­ја­но во те­кот на тие два-три ме­се­ца тре­ба да раз­мис­лу­ваш за тоа што го ра­бо­тиш, да кре­и­раш, да истра­жу­ваш или, ка­ко што ви­ка мо­јот про­фе­сор, да го то­ва­раш ма­га­ре­то. Мно­гу лу­ѓе мис­лат де­ка на­ша­та про­фе­си­ја е „ај­де глу­мец ка­жи сме­шка“. Тоа не е та­ка, те­а­та­рот ба­ра мно­гу труд, по­све­те­ност и ра­бо­та. Во мо­мен­тов ја ра­бо­ти­ме прет­ста­ва­та „Хам­лет во пи­кан­тен сос“, ко­ја ќе ја има сво­ја­та пре­ми­е­ра на „Охрид­ско ле­то“ на 19 ју­ли, а скоп­ска­та пре­ми­е­ра е не­ка­де во сеп­тем­ври.

Кој е, спо­ред те­бе, „вр­вот“ што еден актер мо­же да го по­стиг­не ту­ка во Ма­ке­до­ни­ја? Да­ли те­а­та­рот е ви­стин­ски­от пре­диз­вик за те­бе или, мо­же­би, би са­кал да би­деш дел од не­кој филм­ски про­ект?
Ти­но: Тоа „вр­вот“ е не­ка­ко сом­ни­тел­но кај нас. Ние не­ма­ме цр­ве­ни те­пи­си, сла­ва и гла­мур. Единс­тве­ни­от  „врв“ кај нас е лич­на­та са­ти­сфак­ци­ја на глу­ме­цот, ко­га тој е за­до­во­лен од тоа што го на­пра­вил и ко­га пуб­ли­ка­та тоа искре­но ќе го пре­поз­нае и на­гра­ди. Ко­га би тре­ба­ло да из­би­рам ме­ѓу те­а­тар и филм, де­фи­ни­тив­но би го од­брал те­а­та­рот. За ме­не лич­но тоа е мно­гу по­мо­мент­на и жи­ва уба­ви­на, жи­ва ма­те­ри­ја, ко­ја се ме­ну­ва, не­што што се слу­чу­ва се­га во мо­мен­тов и ни­ко­гаш по­ве­ќе не­ма да би­де исто и тоа за ме­не е не­за­мен­ли­во чув­ство. Не ви­кам де­ка фил­мот не е до­бар, се раз­би­ра де­ка и тоа ка­ко фил­мот си има сво­ја уба­ви­на. Фил­мот и те­а­та­рот се два раз­лич­ни ме­ди­у­ма, со свои по­зи­тив­ни и не­га­тив­ни стра­ни, но тоа кој што по­ве­ќе са­ка е суб­је­ктив­но од чо­век до чо­век. Мо­же­би по­ве­ќе са­кам те­а­тар за­тоа што не сум имал по­го­ле­мо филм­ско искус­тво, мо­же­би ко­га ќе имам ќе се пре­мис­лам. Одам на си­те ка­стин­зи, ама не ме зе­ма­ат (се смее). Ќе пре­ста­нам да одам на ка­стин­зи, ми ја уби­ва­ат са­мо­до­вер­ба­та (се смее). До­де­ка не ме зе­мат ONE LOVE за те­а­та­рот.

don zuan tino

Претстава „Дон Жуан“ – Театар Комедија

Ко­ја е уло­га­та што по­са­ку­ваш еден ден да ја оди­граш? Мо­же­би, Хам­лет?
Ти­но: Хам­лет… не­ка­ко не. Си­те де­нес са­ка­ат да го оди­гра­ат Хам­лет. Ме­не не­ка­ко ми е мно­гу де­пре­си­вен (се смее). Ше­га на стра­на, не ми е оми­лен ама би са­кал да го оди­грам. Тоа е пр­ви­от ин­те­ле­кту­а­лец на­пи­шан во свет­ска­та дра­ма­тур­ги­ја. Ина­ку мој оми­лен е Ама­де­ус од исто­и­ме­ни­от текст на Пи­тер Ше­фер, спо­ред кој има и сце­на­рио и филм.

Кол­ку тоа што си актер и тоа што си ро­ден на тол­ку љу­бов­но екс­по­ни­ран да­тум (14 фе­вру­а­ри) вли­јае врз тво­јот при­ва­тен жи­вот?
Ти­но: Тоа што сум актер, се­ка­ко, мно­гу вли­јае на при­ват­ни­от жи­вот. Ние ра­бо­ти­ме со са­ми­те се­бе, со на­ши­те чув­ства и емо­ции, са­мо­то тоа вли­јае и врз нас ка­ко ка­ра­кте­ри и по­е­дин­ци. А тоа со љу­бов­ни­от да­тум, не, мис­лам де­ка по­ве­ќе ми вли­јае овој на­ши­ов св. Три­фун (се смее).

Разговараше: Марина Костовска
Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top