| четврток, 6 декември 2018 |

Јас и моите адвокати нема да бидеме декор во судница на однапред политички договорена пресуда (ВИДЕО)

Огромната пропаганда на власта против мене и моите соработници се сведува на предмет со кој сакаат да ме затворат во предвечерието на референдумот во предмет во кој сум влијаел да се набави блиндирано возило за МВР во кој сум сакал да се возам. Да не беше трагично, ќе беше смешно, рече денеска на прес-конференција во Собранието на Република Македонија поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола ГрУевски.

Тој рече дека имал сериозни созанија околу случувањата во Апелациониот суд а во врска со предметот „Тенк“.

-Имам сигурни сознанија дека на 30 август откако се одложи седницата заради мое присуство и присуство на адвокатите на друго судење в.д. претседателот на Апелациониот суд очигледно откако врз неа било направено политичко влијание, ги повикала сите судии од судскиот совет во „Тенк“ седницата наредниот ден по секоја цена да биде одржана и да донесат осудителна одлука и да ме прогласат за виновен со цел да бидат затворен што е можно најбрзо, рече Груевски.

Никола Груевски денеска од прес-конференција во Собранието на РМ најави дека утре нема да се појави во Апелацискиот суд, а на седницата за „Тенк“ нема да присуствуваат ниту неговите адвокати зашто, како што рече, и онака одлуката е политички веќе донесена.

Груевски обвини дека власта води политичка хајка против него, а судиите се професионални, но работат, како што рече, под притисок.

– Ниту јас, ниту моите адвокти нема да се појавиме утре на седница. И нивното присуството во Апелација не може ништо да промени. Никакви правни аргументи не се доволни на однапред политички договорена пресуда и однапред донесена политичка одлука. Ако судиите се толку исплашени и подлегнале на политичка нарачка, ете им можност без мене да донесат каква сакаат пресуда. Ниту едно незаконско ставање во затвор нема да ги избрише од меморијата на граѓаните делата кои сум ги направил за оваа држава и овој народ, за бранењето на државните интереси, истакна Груевски.

Ќе дојде време, дополни, кога народот ќе си ја врати власта во свои раце и кога ќе се преиспитаат ваквите одлуки.

-Ова се политички судски процеси. Очигледно е дека правните аргументи не може да ја победат политичката нарачка.Нема да бидеме декор во судница, затоа не доаѓаме во Апелациониот суд. Нека донесат каква сакаат одлука. Мене ме суди политиката, а не судот. Сѐ ќе се издржи и ќе помине, но нема да се заборави. Судството ме товари зашто бев водач на ВМРО-ДПМНЕ и зашто на некого му пречам.

Судиите се професионални и стручни, но работат под голем притисок, а некои се блиски и до Зоран Заев. В.д. претседателот на судот врши притисок да бидам осуден.
Секој кој станал судија, знаел дека ќе се најде во ваков момент, а на нарачателите на овој срамен чин им порачувам, се лажете дека ќе ме елиминирате. Мене ќе ме направите поголем, а вие ќе бидете помали. Ниту едно обвинение ниту еден затвор нема да поништи што сум сум направил за македонскиот народ.

Груевски посочи примери на судии кои се во роднински односи со видни луѓе на раководни функции во СДСМ и повторно седат и судат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top