20 фирми се вклучени во последниот милионски скандал кој го тресе Министерството за образование. Преку 27 нови договори склучени во четири очи фирмите се офајдиле со повеќе од 7,5 милиони евра или 463 милиони денари за набавка на учебници и помошен дидактички материјал за основно и средно образование за учебната 2018/2019-та.
Алфа ексклузивно го објави списокот со фирми кои си склучиле договор со Министерството , а на кои стои потпис на министерот за образование Арбр Адеми, но во четири очи, однос без претходно да биде објавен оглас за набавка на учебници, што е јасно наведено во членот 3 на потпишаните договори.
Со сума од 178,495,166 денари најмногу добила скопската фирма Арс Ламина, која се договорила со министерството да набави нови учебници по Математика, природни науки, хемија и италијански јазик.
Пo неа фирмата Арбериа дизајн од Тетово е втора на листата, а се договорила за сума од 149, 027,188 дека ќе набави учебници и работен материјали по предметите Природни науки, биологија и физика. Дел од дваесетте фирми кои се договориле со министерството за образование склучиле и по неколку договори, со што сумите значително се зголемуваат.
Акционерското друштво Просветно дело преку два договори за набавка учебници и материјал за основци и средношколци добило 39,794,082, без претходно да биде објавен оглас за набавка на истите, како што е наведено и во електронскиот систем за јавни набавки.
Во првите пет на листата со најскапи договори се јавува и фирмата Џорџ ДООЕЛ Скопје кој ќе набавува учебници за основно и средно во висина од 34,104,803 денари.
Сите договори се склучени на 14-ти август, а според информациите објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки стапуваат на сила од 29-ти и 31-ви август. Симптоматично е што за сите договори добиена е само една понуда, по што е пристапено на потпишување на договорите.
Оправданост за изборот на постапката да биде направена во четири очи од министерството ја правдаат со технички или уметнички причини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)