| четврток, 6 декември 2018 |

Го корнеме и газиме како да е трева, а не знаеме дека е лек за многу болести

Тушт е горчлива и солена билка која често се користи во медитеранската и индиската кујна. Половина шолја тушт содржи повеќе од 1.000 IUs витамин А, што ja прави најевтината здрава храна на светот.

Се користел уште во Стариот Египет, од него во Европа се прават вкусни специјалитети, а единствено ние газиме по него, го корнеме и го фрламе.

За лек се користи надземниот дел во свежа состојба и тоа за намалување на крвниот притисок и шеќерот во крвта.

Во стари времиња се употребувало против глисти.

Туштот содржи витамин Ц, минерали, омега 3 масни киселини.

Туштот е особено добар за децата.

Оваа билка расте по бавчите, лозјата и по песокливи места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top