В.В. (44) од Скопје, вчера во 12,30 часот во Полициската станица во Охрид пријавил дека бил физички нападнат од две непознати лица.
Според МВР, на градилиште каде се изведуваат работи за градење на базен кај Билјанини Извори пријавителот во својство на главен надзор го стопирал градењето поради проблеми со бетонот, па по кратко време дошле двете лица коишто најпрво почнале да го навредуваат, а потоа и физички го нападнале.
Од ударите В.В. се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.