Најмалку 12 луѓе се повредени, од кои четири потешко, во силна експлозија што се случи синоќа во Њујорк, јавија американските медиуми.
Причината за експлозијата сѐ уште не е позната. Инцидентот се случил во зграда во Чајнатаун. Меѓу повредените се и четворица пожарникари.
Очевидци сведочат дека експлозијата била многу силна и дека во следните дваесетина минути се чувствувал непријател мирис. Се претпоставува дека станува збор за протекување на гас од подрумските простории на зградата. Од силната експлозија се урнал дел од објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.