| четврток, 6 декември 2018 |

Монах од 120 години: Апстиненцијата од секс е клуч на долговечноста

Свами Сивананда е монах кој тврди дека е најстариот човек на светот. Во неговиот пасош е наведена 1896 година како година на неговото раѓање.

Свами тврди дека има 120 години, а како главна прични за неговата долговечност се наведува апстиненцијата од секс. Овој монах е најстариот невин човек на светот.

Освен секс, Свами се воздржува и од јадење зачинета и лута храна, спие на душек и место перница користи дрвена плоча.

– Живеам едноставно и дисциплинирано. Се хранам едноставно, јадам исклучиво готвена храна без масло и зачини – вели Свами.

Тој уште како дете често одел гладен на спиење.

– Порано малку ни беше потребно да бидеме среќни и задоволни. Денес луѓето се несречни, неискрени и нездрави. Тоа ме прави лут – изјави тој.

Свами со 120 години нема никакви здравствени проблеми, не користи ниту очила за читање, пишува „Индепендент“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top