Полиција на Мјанмар денеска објави дека уапсила будистички монах во чиј автомобил и манастир биле пронајдени повеќе од четири милиони таблети метамфетамини.
Полицијата го запрела монахот додека возел низ северната држава Ракајн, која се граничи со Бангладеш, откако властите примиле дојава дека монахот превезува илегален товар.
Во неговиот автомобил припадниците на полициската единица за борба против дрогата пронашле 400.000 таблети, а при претресот на манастирот пронајдени се уште 4,2 милиони таблети, како и рачна бомба и муниција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.