| четврток, 6 декември 2018 |

Турново без бело знаме и против Хајдук

Екипата на Турново забележа блескав успех, историски за клуб од мало место со околу 1200-1300 жители, а следен предизвик по елиминацијата на Судува, е сплитски Хајдук. Иако ќе бидат аутсајдери против трофејниот гигант со 102-годишна традиција, турновци ќе играат за нов подвиг.

 „Хајдук е голем клуб и име на Балканот, но не се и непобедливи“, изјави Али Ѓунеш, турскиот стратег на клупата на Турново. И тој дебитираше на официјален меч како шеф на струшниот штаб, во премиерниот настап на македонскиот претставник во Лигата на Европа.
 
И Судува беше фаворит, па падна во вистински трилер меч, вечерва во Скопје. Турново водеше со 1-0, па Литванците направија пресврт, поведоа со 2-1, за на крајот во самиот финиш, Блажевски од пенал да израмни на 2-2, резултат што беше идентичен на тој од првиот дуел. Се прејде на дополнителни 30 минути, голови немаше во прдолженијата и на ред беа панелите како решение за победникот.
Последниот пенал за Хоризонт Турново го реализираше младиот Ѓорѓи Стоилов. Со само 17 години, тој го имаше целиот товар на своите плеќи, но беше ладнокрвен и сигурно погоди.
„Имав малку трема, но сепак, јас одлучував за пласманот во следната рунда и знаев дека не смеам да промашам. За среќа, погодив од белата точка, што ни донесе огромна радост на сите“, вели Стоилов.
Првите натпревари од втората рунда ќе се играат на 18. јули, а Турново би требало да гостува во Сплит, барем според информациите објавени на официјалниот сајт на УЕФА. Реваншот е закажан за една недела подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top