Близок пријател на премиерот Зоран Заев ќе го има ексклузивното прво да спроведува возачки испити во Струмица, објави телевизијата „Алфа“.
Како што објави „Алфа“, фирмата на струмичанецот Стојан Иванов, лиценцата ја доби од МВР, по распишаниот конкурс на 25 јуни, каде Иванов конкурирал со новоформираната фирма „Испитен Центар Струмица“, која ја отворил на неполни 2 месеца пред Министерството за внатрешни работи да го распише конкурсот за доделување лиценци за спроведување возачки испити во Струмица и Скопје.
Според документите до кои дојде Алфа, Иванов фирмата ја отворил на 17 април, МВР конкурсот за доделување лиценци за возачки испитен центар го има распишано на 25 јуни, кога освен за Скопје, доделува лиценца и за Струмица. Фирмата на Иванов која ја основал со минимален паричен влог од 5000 евра, сега ќе го има единственото право за полагање возачки испити во Струмица. Иванов со премиерот Заев се другари од средно училиште, во бизнисот со возачки испити тој е нов, бидејќи претходно се занимаваше со приватно обезбедување,а во градот е познат како долгогодишен угостител, човек од еснафот.
Испитен центар Струмица фирмата стара четири месеци, во наредните 5 години ќе го има единственото право за полагање возачки испити во градот, со чист профит од неколку стотина илјади евра.
Пред две недели, поточно на 14 месецов лиценца за спроведување на возачки испити доби и новоформирана фирма во Скопје, стара само 7 дена пред да биде распишан конкурсот на МВР. 26 годишниот Виктор Серафимов сопственик на „Авто испитен центар“ Скопје, во наредните пет години ќе држи монопол во главниот град со издавање возачки дозволи и ќе има обрт од околу 6 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)