| четврток, 6 декември 2018 |

Турново ни го обели образот – наградата е двомеч со Хајдук од Сплит

Дебитантот на европската сцена Турново го обели образот на македонските претставници во квалификациите за пласман во Лигата на Европа и по пенал-рулетот ја елиминира литванска Судува.

На волшебен начин турновци се спасија од елиминација, а вистински херој беше Дејан Блажевски. Тој реализираше удар од белата точка во седмата минута од судиското продолжение и израмни на 2-2, што значеше дополнителни 30 минути. Во екстра-времето немаше погодоци, па поради идентичен резултат и во Литванија, 2-2, на ред беа пеналите.

Тука се истакна голманот на македонскиот тим Стојан Димовски, кој одбрани два пенали, клучниот во шестата серија на Леимонас. Тинејџерот Ѓорѓи Стоилов, кој има само 17 години, беше присебен веднаш потоа, ладокрвно погоди, за конечна победа на пенали од 5-4 за Турново и историски пласман во втората квалификациска рунда.

Награда за одличната игра, борбеноста и успехот во деби-настапот на европската сцена, за Турново ќе биде двомечот со хрватскиот гигант Хајдук од Сплит.  Првиот дуел се игра на 18 јули во Сплит, а реваншот е закажан за една седмица подоцна во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top