| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски на средби со жителите на Босилово, Василево и Турново

DSC_2380Премиерот Никола Груевски за време на денешната посета на Босилово заедно со градоначалникот Љупчо Колев извршија надзор на градежните работи и целосната реконструкција на Домот на култура, инвестиција вредна околу пет милиони денари.

Жителите на Босилово на средбата со премиерот го посочија прашањето за обесштетување од невремето на почетокот на годинава, односно дека биле одбиени поради фактот што не биле носители на сопственичко право на земјиштето кое го обработуваат, односно дека земјиштето им било во наследство оставено или дека немале договор за закуп.

DSC_2385Премиерот посочи дека Владата ќе ја разгледа можноста за измени на законот со кој ќе се вклучат и ваквите ситуации со цел да се помогне на што е можно повеќе граѓани.

Дел од граѓаните посочија дека ги пропуштиле процедурите и роковите за пријава на штета по што Груевски истакна дека ќе се разгледа можноста да бидат пратено дополнително проценители. DSC_3094 DSC_3087DSC_3166

Груевски го посети и населеното место Ангелци каде освен двојно тениско игралиште, оствари и средба со граѓани, а го посети и населеното место Василево.

DSC_2391На средбата со жителите на Василево Груевски разговараше за процесот на обесштетување од последиците од пролетното невреме при што соопшти дека во месец септември ќе биде завршен процесот за обесштетување на струмичките земјоделци кое се одвива етапно.

Посетата во Струмичко премиерот Груевски ја продолжи со средби со жителите на Турново на која беше посочен проблемот со кој се соочуваат повеќе од 15 години, а е поврзан со еден крак од системот за наводнување кој е нефункционален, при што беа информирани дека со формирањето на новото АД „Водостопанство“ овој крак на системот ќе биде ставен во приоритетните.

Повратниците кои работеле во Германија, а сега се вратени во Турново се заблагодарија за потпишаниот договор со Германија, со кој си ги примаат пензиите во Македонија.

DSC_2407За посочениот проблем од жителите за Културниот дом во Турново градоначалникот Колев информираше дека се прават напори со шведска донација да се изврши делумна реконструкција на Домот.

На средбата жителите го посочија поблемот со регулирањето на речното корито на река Струмица поради кое се врши редовно излевање на вода на земјоделските површини жителите. Тие беа информирани дека и покрај тоа што редовно се регулираат најкритичните точки во насока на трајно решавање на овој проблем за регулирање на целиот тек на коритото е договорено со швајцарски средства да се направи детална анализа, по што ќе се пристапи кон конкретни активности за овој проблем.

DSC_2412Жителите од Турново упатија благодарност до премиерот за неговата посета, за неговите напори за реализацијата на големиот број на проекти во овој регион со кои се подобруваат условите за живот и за неговата посветеност за решавање на проблемите на граѓаните.

По средбите премиерот Груевски ја посети и компанијата „Јавор мебел“ која е корисник на владините активни мерки за вработување од проектот „Македонија вработува“, при што разговараше со менаџерскиот тим за поддршката за домашните компании и нивните развојни планови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top