ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе одржи протестен марш во Кичево.
Повикот до граѓаните го испрати генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.
Неговиот статус го пренесуваме во продолжение
Говорат за Европската Унија, а сиромаштијата расте. Велат дека ќе обезбеделе иднина, а економскиот раст се движи околу нулата, со капитални инвестиции на очајни 21% за цели 6 месеци.
Велат дека младите ќе добиеле шанса, а образованието ни девастира, со универзитети кои ги нема ниту во втората половина на 1000 на Шангајската листа. Велат дека ќе обезбеделе правда, а земјава е прогласена за најкорумпирана во Европа. Велат дека ќе имало компетитивно здравство, а земјава само ги брои смртните случаи. Велат дека ќе ја донеле Европа во Македонија, а нема ниту датум за преговори со Европската Унија.
Велат, ветуваат, но не исполнуваат.
Зборуваат за Европа, за да не зборуваат за договорот со Грција кој е на маса и за кој треба граѓаните да одлучат.
Промената на името, на идентитетот, на јазикот, на комисијата за ревидирање на македонската култура, историјата и археологијата … е за ова што навистина го имаме на маса пред нас, нема да чуете ништо од власта. Затоа што од власта кога ќе ви кажат ДА, не ви кажуваат дека тоа е ДА за Северна Македонија и променет идентитет и устав.
Затоа што добро знаете дека НЕ за договорот значи ДА за Македонија и нејзината остварлива иднина.Ова мора да престане, а одговорот е токму во граѓаните. Македонија нема време за губење, затоа што секој човек и секој живот вреди.
Ве повикувам в недела (2 септември) во 13:00 часот во Кичево (кружниот тек пред Автобуската станица) да излеземе и заеднички сложно и обединето да кажеме НЕ на Заев, НЕ за договорот со Грција, што ќе значи ДА за Македонија! За Република Македонија онаква каква што ја заслужуваме и посакуваме.
Македонија ќе победи!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.