| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Тврдењата на Тито Петковски ги доживеав емоционално многу непријатно

Tito petkovskiПремиерот Никола Груевски никогаш не прифатил промена на името. Ова Груевски го изјави во судницата на денешното рочиште против лидерот на НСДП, Тито Петковски. Груевски го тужеше Петковски за клевета за изјавата дадена за „Фокус“, во која тој тврди дека Груевски прифатил промена на уставното име.

nikola-gruevski-foto-645x360

– Тврдењата на Тито Петковски ги доживеав емоционално многу непријатно, со чувство на загриженост и внатрешен немир од можноста ова тврдење да биде прифатено од дел од средината. На повеќе соработници морав да им објаснувам дека никогаш не сум прифатил ниту предлози за промена на името – се изјасни премиерот во судница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top