| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчани се сомневаат: Ова е човекот кој ги бојадисува кучињата и мачките во Прилеп? (ВИДЕО)

Откако пред неколку денови беше бојадисано мало маче со жолта боја во Прилеп, кое подоцна беше врзано и оставено во близина на ромските гробишта, сега на социјалните мрежи се појави бојадисано куче со црвена боја.

Исто така, револтирани граѓани од Прилеп споделија фотографии од кучето, но и од човекот во кој се сомневаат дека ги бојадисува животните со боја.

Тие бараат надлежните институции да реагираат, но бараат за ваквите случаи да се произнесат и од Анима Мунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top