– Горе на Водно се случува вистинска драма!!! Багерите утрово тргнале да ги газат активистите кои со ЖИВ ШТИТ ја бранат планината! (меѓу нив е и Игор Смилев, познатиот велешки екологист кој е најзаслужен за затворањето на “Топилница”). Повикана е полиција, но изведувачот на работите се заканува со приватни батки да ги тепа планинарите. Потребно е физичко присуство на лице-место! Ако има доброволци, нека се упатат веднаш накај “местото на злосторството”, пишува универзитетскиот професор Димитар Апасиев на Фејсбук.
– На ТВ Алфа не ѝ даваат да одат горе и снимат, Град Скопје не пуштаат. Рампата останува спуштена, пишуваат од граѓанската иницијатива Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно на ФБ.
– Легнавме пред багер, шефот на оваа турлитава му нареди на работникот да не помине. Срамота е што сѐ ќе направат за парите, пишува еден од активистите кој е дел од живиот ѕид на Водно на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.