| четврток, 6 декември 2018 |

Ружин: Времето во иднина ќе се мери како „пред“ и „по“ референдумот (ВИДЕО)

„Референдумот е историски момент за државата, можеби најзачање по референдумот за независност.

Сметам дека во иднина во Македонија времето ќе се мери како пред и по референдумот, европските и атлантските перспективи се отвораат и затоа комесарот Хан ја упати таа порака од Драч“, вели поранешниот амбасадаор на НАТО, Нано Ружин, во изјава за Канал 5.

Хан и од Драч ја упати истата закана – промена на името или изолација

 

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, вчера на маргините на состанокот на премиерите од Западен Балкан во албанскиот град Драч, порача дека македонските граѓани треба да решат дали ќе се интегрираат во ЕУ или пак ќе се вратат во изолација.

Неформалниот состанок на премиерите од Западен Балкан заврши синоќа без присуство на шефовите на владите на Србија, Босна и Херцеговина и на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top