Новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов, во денешното негово гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа вели дека кариерата на Зоран Заев зависи во целост од референдумот и дека доколку истиот не успее да испорача задоволителна бројка на референдумот, тоа ќе биде втор жолт картон за него.
– Ние како Македонци со ништо не сме зависни од референдумот. Зоран Заев е зависен, неговата политичка кариера зависи од референдумот или од постреферендумската разврска. Три и пол години во Република Македонија се инвестираше пари и енергија за да Македонија дојде до сегашната ситуација. 2016-та година на сите тие пари инвестирани, Зоран Заев не победи на изборите, изгуби со 20 илјади гласа разлика. Ако Зоран Заев не испорача соодветна бројка на референдумот тоа ќе биде втор жолт картон за Зоран Заев, вели Ефтов.
Според Ефтов, референдумот за промена на името е полуфинале на се она што се случува во Република Македонија во последните три ипол години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)