| четврток, 6 декември 2018 |

Марко го започна подвигот на Охридското Езеро, на стартот силен ветер и бранови (ФОТО+ВИДЕО)

Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски од Охрид, утрово во 9.30 часот го започна подвигот за препливување на Охридското Езеро. Тој стартуваше од Св. Наум во услови на немирно езеро, засилен северен ветер и неповолен бран. Но, временските (не)прилики во ниту еден момент не го поколебаа храбриот пливач кој пред почетокот на подвигот уште еднаш демонстрираше силна волја да успее во зацртаната цел.
Марко го следи неговото семејство, како и медицинска екипа и тим на Црвениот крст. Од временските услови ќе зависи кога Марко ќе пристигне на целта во Охрид кај градското пристаниште.

Повеќе фотографии на Охридњуз

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top