| четврток, 6 декември 2018 |

Ако се плашите од летање, не гледајте ја снимкава (ВИДЕО)

Oваа снимка најдобро покажува дека и авион може да биде играчка кога ќе задуваат силни ветришта.

Снимката е направена на аеродромот „Нарита“, во Токио, за време на тајфунот Цимарон.

Боинг Дримлајнер се обидува да слета, а силните удари на ветровите во еден момент го вртат вертикално со носот кон пистата.

И покрај тоа, авионот слетал безбедно, а никој од патниците не е повреден

Сезоната на тајфуни во Јапонија трае од јули до октомври, а врвот го доживува во август и септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top