| четврток, 6 декември 2018 |

Омажи за Матевски, Ѓурчинов и Дирјан на СВП

Поетскиот фестивал во Струга направи омаж на тројцата неодамна починатите македонски творци академик Милан Ѓурчинов, акад. Матеја Матевски и поетесата Лилјана Дирјан, автори чие творештво и креативна енергија се цврсто вградени во СВП.

За делото на Матевски говореше Владимир Мартиновски кој подвлече дека поезијата на овој поет импонира со уметничката симбиоза и уникатна рамнотежа меѓу лирските визии и поетските слики, длабоката рефлексивност и суптилна емотивност.

Елизабета Шелева говореше за ликот и делото на Лилјана Дирјан притоа истакнувајќи ги нејзината монашка чесност и спартанската дисциплина во писмото, а осврнувајќи се кон фасцинатниот творечки опус и мисла на акдемик Ѓурчинов, го истакна неговиот љубопитен дух, космополитската определба и личната заложба за европеизација токму на фестивалот Струшки вечери на поезијата во 60-те години на минатиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top