Шишето Фонтус би можело да го промени човештвото, зашто собира влага од воздухот за да ја претвори во чиста вода за пиење. Процесот трае помалку од еден час (зависи од чистотата на воздухот), а функционира многу едноставно – од воздух создава капки вода.
Фонтус е дело на австрискиот индустриски дизајнер Кристоф Ретезар, а идејата му била да им помогне на 1,2 милијарди луѓе кои живеат во области каде што тешко се доаѓа до здрава и чиста вода за пиење.
-Фонтус врши кондензација на влажноста од воздухот, вели тој.
Кога влажниот воздух ќе проструи низ шишето, поминува низ хидрофобни влакна, како на четкичките за заби, а тие ја претвораат водената пареа во капки. Малиот соларен панел кој се наоѓа на врвот од шишето овозможува батеријата секогаш да биде полна.
За еден час Фонтус може да прозиведе половина литар вода, а функционира во услови каде што влажноста на воздухот е 80-90%.
Шишето може да филтрира поголеми честички како прашина и инсекти, но не е дизајнирано да филтрира седименти. Ретезар се надева дека во иднина ќе патентира модел кој ќе има филтер за да може да се користи шишето и во области каде што воздухот е загаден.
Австрискиот дизајнер планира да отвори компанија преку која ќе собере средства за комплетно финансирање на проектот, а се надева дека шишето ќе се продава за помалку од 100 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)