| четврток, 6 декември 2018 |

Белите дробови станаа бели гробови: Гласно зборуваше Шекеринска за Водно во 2013, денес тивко молчи (ВИДЕО)

Фотелјата ја премисли опозиционерката Радмила Шекеринска, сега министерка за одбрана, која гласно ја критикуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година за сечењето на дрвјата на Водно и за опустошувањето на „белите дробови на Скопје“.
Од говорницата на Собранието таа рече дека додека се зборува за загадувањето во Скопје, сечата на Водно продолжува.
-Додека сите зборуваме дека Скопје е загадено, сечата на Водно продолжува. Во мерките на Владата нема ниту еден збор за прекин на сечата на Водно. И автопат ако може, и тоа ќе направиме, вели Шекеринска во 2013 година.

Шекеринска ги критикува тогашните власти за високото загадување во Скопје, кое е уште повисоко откако загрижената опозиција од 2013 година стана власт, а сечата на Водно прерасна во масакр.

Масакр на Водно, демолиран е сртот кај Бел Камен (галерија)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top