| четврток, 6 декември 2018 |

Што може голман од 80 милиони евра: Продава сомбрера и брани чуда (ВИДЕО)

Против Брајтон на „Енфилд“, каде што се очекуваше лесна победа, Алисон мораше 88 минути да ги спасува бодовите на Ливерпул. Одбрани чудо вредно три бода, а понуди и уште нешто од својот широк репертоар

Ливерпул ја започна сезоната совршено. Три победи во три кола без примен гол водат кон заклучок дека екипата на Клоп продолжува таму каде што запре минатата сезона.

Во походот за пехар тргнаа засилени, а во тоа уште од самиот почеток сесрдно им помага брилијантниот бразилски голман Алисон Рамес Бекер (25).

За него „црвените“ ѝ платија на Рома 78 милиони евра летово, а тој веќе прави чуда.Против Брајтон (1-0) на „Енфилд“, каде што се очекуваше лесна победа, Алисон мораше 88 минути да ги спасува бодовите на Ливерпул. Преку Германецот Грос гостите имаа идеална шанса за 1-1, но тогаш Алисон со вистински голмански рефлекс им ги расипа сметките. Одбрани чудо вредно три бода, а понуди и уште нешто од својот широк репертоар. Во неколку наврати рискантно го одолговлекуваше враќањето на топката, па противниците ќе го притиснеа.

Ливерпул победи со голот на Салах во 32 минута.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top