| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа циклонот Бруно: Големо невреме, снег и студ на Балканот

Моќниот циклон кој се развива над Џенова и кој го носи името БРУНО веќе овој викенд ќе донесе ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ на Балканот а со себе ќе спушти и значително постуден воздух од северните географски широчини.

Како ќе поминува овој циклон над европските и италјанските алпи поврзан со студениот воздух врнежите од дожд ќе поминуваат во врнежи од снег со што овој викенд европските алпи ќе го добијат и првиот снег и снежна покривка.

Снег ќе падне и на највисоките планини на балканот и тоа во Словенија.

Кај нас позначителен пад на температурите на воздухот и северен ветер ќе има во текот на ноќта недела кон понеделник за кога е најавена најголемата промена на временската состојба кај нас како и позначително количество на дожд како и појава на локално невреме со град.

Како што најавивме и ова утро во сабота особено во северозападните и во западните планински предели како и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локален развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Веќе во недела од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилно на многу места со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер ќе биде и во понеделник кога локално ќе наврне и поголемо количество на воден талог (над 30 л/м2 воден талог).

Локално можни се ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси во форма на НЕВРЕМЕ проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени особено од понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top