Пожарот кој избувна во импровизирана барака во месноста Мауцкер во Охрид во којшто изгореа мајка и седуммесечно бебе, најверојатно, избувнал од ќумбе кое било користено за затоплување во студените ноќи.
– Ќумбето било поставено веднаш до импровизиран ѕид кој е целосно изгорен. Не можам да ја исклучам можноста дека пожарот е подметнат, но тоа ќе го утврдува истрагата, бидејќи не е познат ниту идентитетот на жртвите – изјави Спасе Прентоски, командир на ТППЕ Охрид, јавува „Охридњус“.
Телата на загинатите се предадени на обдукција, за утврдување на идентитетот на жртвите.

Претходно противпожарната единици во Охрид два пати интервенирала на импровизираниот објект во Чекоштина, кој бил опожаруван.
Пожарот го пријавил вработен во бензинска пумпа во 5.45 кога забележал огромен чад и пламен од бараката.
Пријавителот забележал огромен чад и пламен во објектот. Интервенирано е со две противпиожарни возила и 8 пожарникари на непристапен терен. За жал од пожарот објектот бил целосно уништен. При гасењето на пожарот пронајдено е јагленисано тело најверојатно на жена и бебе на возраст од околу 7 месеци“ изјави Прентоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


