Професиопнални војници навреме спасиле шест лица меѓу кои и две деца од пожарот кој ноќеска избувнал во ресторанот „Мечка” во Дебар Маало.
Од АРМ за МИА информираат дека војниците го забележале пожарот во 2.50 часот. Професионален војник кој бил дежурен на пријавницата на ГШ на АРМ видел дека на вториот кат од објектот има луѓе кои бараат помош.
Веднаш била известена противпожарната служба, брзата помош и МВР. Десет припадници на Армијата со скала се упатиле кон опожареното место и до 3.05 часот евакуирале дедо, баба, син, снаа и две малолетни деца.
Во гаснењето на пожарот во ресторанот учествувале 18 пожарникари со осум возила, а според Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, биле запалени и три автомобили сопственост на С.Б., Г.Р. и А.М., кои биле паркирани пред објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.