По информацијата дека во просториите на Општина Карпош интервенирале полициски службеници поради наводното изнесување на документација од страна на поранешниот градоначалник, Стевчо Јакимовски, од Министерството за внатрешни работи излегоа со соопштение во кое ги објаснија случувањата во општината.
-Врз основа на допрен глас дека од просториите на општина Карпош се изнесува документација на општината, од страна на полициски службеници од СВР Скопје е излезено на лице место, при што е констатирано дека во моментот на проверката не се изнесува никаква документација. Од извршениот разговор со градоначалникот Стевчо Јакимовски утврдено е дека истиот се подготвувал за изнесување на личните предмети од сопствениот кабинет со цел подготвување за примопредавање на функцијата. Бидејќи не е потврдено сознанието и постоење на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ од член 280 од КЗ на РМ, поради кое СВР постапувало. По обавениот разговор полицијата се повлекла од лице место- стои во соопштението од МВР.
Претходно Јакимовски на прес конференција ги негираше информациите дека биле изнесувани документи од општината и изјави дека „ова е уште еден блам на СДСМ и нејзиното непознавање на локалната самоуправа“.
-Ова е само уште еден блам на СДСМ и нејзиното непознавање на локалната самоуправа. Јас во општината имам лични предмети и документи, од општината не беа изнесувани службени предмети- изјави на денешната прес конференција поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски.
Ова доаѓа по информацијата која излезе во јавноста дека Јакимовски од општинската зграда изнесувал службени документи.
-На моите колеги некој им се јавил и им рекол дека примопредавањето ќе се одржи денес во 13 часот и по тој повод моите колеги започнале да пакуваат сè што се наоѓа во мојот кабинет. Јас таму имам лични предмети на мое име и нормално дека треба да се одвои што е на општината, а што е на лично име и документи, како и фотографии бидејќи во оваа општина јас сум бил осум години- изјави Јакимовски пред медиумите.
Додава дека со ова може да се види ефикасноста на полицијата за која, како што вели тој, е под водство на режимот на Зоран Заев.
-Тие изминативе два дена не можат да ги најдат оние кои што сакаа да не колат вечерта на изборите, но денеска ефикасно дојдоа и забранија влез во општината за да потоа дојдат инспекторите од стопански криминал и констатираат дека ние раздвојуваме што е лично, а што општинско. Сите документи и сè она што е битно за локалната самоуправа се наоѓа во архивата, а згора на тоа општината има електронска архива и ништо такво не може да се наоѓа кај градоначалникот- додава Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)