| четврток, 6 декември 2018 |

Откажан концертот на Шон Пол во Скопје!

Концертот на Шон Пол закажан за денеска (23 август) во Скопје нема да се одржи.

Причината за откажувањето на концертот, и покрај тоа што речиси целата екипа на Шон Пол вчеравечер пристигнала во Скопје, е тоа што Шон Пол, за жал, поради технички причини бил спречен да се качи на закажаниот лет во Лондон.

-Со оглед на неговите веќе закажани ангажмани и покрај нашите напори концерт да има утре (24 август) тоа е невозможно да се случи, а новиот датум ќе биде соопштен дополнително. Сите оние кои купиле влезници истите ќе можат да ги зачуваат за новиот датум, кој ќе бидат соопштен дополнително, или да си ги вратат средствата на продажното место од каде го набавиле билетот, велат организаторите на концертот.

Покрај Шон Пол, на концертот требаше да настапат и неколкумина домашни хип хоп артисти, кои, исто така, известија за откажувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top