Настапот на сопственикот на во моментов најактуелните светски хитови и соработките со ѕвезди од калибарот на Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета… е закажан на 23 август на Стадионот АРМ во Скопје со почеток од 20 часот.
Организаторите информираат дека концертот ќе го отвори уникатниот Тајзи, а веднаш потоа, за дополнително загревање на атмосферата на сцената, со свој сет, ќе се погрижат Shorty P и Irie Scratch.
Шон Пол на скопскиот концерт, кој е единствен во регионов, а во склоп на неговата летна турнеја, доаѓа со својата комплетна екипа која подразбира бенд, техничка поддршка и, секако, тука се неговите dancehall танчарки, чиј уникатен стил на танцување дополнително ќе ја загреат атмосферата.
Што се однесува до техничкиот дел и изгледот на сцената, публиката ќе има можност да види спектакуларна бина чија фронтална димензија е повеќе од 40 м. За потребите на овој концерт на бината ќе биде направена дополнителна конструкција на која ќе бидат сместени тапаните, клавијатурите и диџејот за во предниот дел да има што е можно повеќе простор за танчарките. Ќе има повеќе од 100 светлосни тела и повеќе од квадратни метри лед екрани.
За озвучувањето ќе се користи еден од најдобрите звучни системи во светот EAW Anya. Концертот ќе има уште неколку уникатни детали, специфични само за Шон Пол, но тоа не го откриваат и го оставаат како изненадување за присутните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.