| четврток, 6 декември 2018 |

Шон Пол доаѓа во Скопје со комплетна екипа од врвни танчери и музичари

Во пресрет на најголемиот концертен спектакл летово и гостувањето на една од најактуелните светски ѕвезди Шон Пол (Sean Paul), закажано на 23 август на Стадионот АРМ во Скопје, од денеска во продажба ќе бидат пуштени и ВИП и Ултра ВИП влезници. Таму фановите на Шон Пол ќе бидат со ексклузивен ‘meet and greet’ настан по концертот, каде ќе може да се запознаат со Шон Пол и да уживаат во коктел забава.

Шон Пол во Скопје доаѓа директно од Кардиф, Велика Британија, а негова следна дестинација по гостувањето во главниот град ќе биде Унгарија од каде оди на азиската турнеја. Повеќекратниот Греми добитник на скопскиот концерт доаѓа со комплетна екипа составена од врвни танчарки и музичари, а на сцената во Скопје ќе ги изведе своите најголеми хитови, меѓу кои соработките со Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top