| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Кадровски смени во ВМРО-ДПМНЕ се дефокусирање од скандалите и политички процеси на власта (видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното негово интервју дадено за вестите на Сител истакна дека пренесените информации во медиумите за промена на потсекретарите претставува еден вид на дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми и политички случувања. Тој потенцираше дека фокусот од големите случувања во државата се обидуваaт да ги банализираат со четвртиот и петтиот ешалон во партијата.

-Тоа повторно доаѓа од онаа армадила каде што ќе се обиде невистината да ја прикаже како вистина, капитулацијата како победа, а притоа не гледаат што вистински се случува во државата. Вистинските теми се крах во економија, немањето реформи, криминал на секој чекор, катастрофално политичко владеење на владата на СДСМ и на Зоран Заев, судски процеси водени политички итн. Сето тоа е ставено во втор план и ние сега се занимаваме со една тековна, нормална работа во ВМРО-ДПМНЕ, некаде четвртиот петтиот ешалон во партиската структура- вели Мицкоски.

Како што рече тој како што било во минатото така ќе биде и во иднина, односно ќе се дава шанса за партиски функции, но доколку дел од луѓето не знаат и нема да ја искористат шансата, партијата нема да се откаже од нив туку напротив ќе се даде шанса за други позиции.

-Се дава шанса на определен круг на луѓе, откога таа шанса дел од луѓето нема да ја искористат, партијата не се откажува од нив, напротив ги планира за други места. Во моментот нема да ја вршат функцијата потсекретар, може ќе добијат друг позиција во рамки на партијата- објасни Мицкоски.

Мицкоски ги искоментира и одредени наслови по медиумите дека околку 200.000 партиски активисти ќе му откажат послушност, прашувајќи зошто се плашат тогаш, зошто е потребен ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top