Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски во интервју за Сител ТВ истакна дека договорот кој беше склучен од страна на Зоран Заев и Ципрас предвидува формирање на комисија која ќе има за задача да ја ревидира историјата, архиеологијата и образованието на Република Македонија.
– Ако го погледате членот 8 и од таму можете лесно да заклучите дека станува збор за комисија која што евентуално би се формирала помеѓу двете држави, помеѓу Република Македонија и помеѓу соседна Грција и таа комисија ке треба да ја ревидира историјата, архиеолгијата и образованието односно сето она што нашиот јужен сосед ќе го детерминира како иредентизам, ние ке треба или да го прифатиме или да го одбиеме. Ако го одбиеме, замислете да сме го почнале процесот за преговори со Европската унија, веднаш стоп рампа ке имаме, односно нема да можеме да напредуваме понатака, што значи дека многу лесно ако ги одбива континуирано непринципиелните барања на нашиот јужен сосед што е природно бидејќи нивниот иредентизам подразбира сето она кое што се употребува Република Македонија да се избрише, еве најавија дека отприка четири илјади економски оператори ке треба својот назив да го променат односно ако ние речеме Не на тие преговори тие ке речат Не во процесот на преговори со ЕУ, посочи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)