| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Како сме го зачувале идентитетот ако сме се откажале од институционалниот идентитет, од историјата и од археолошкото културно наследство?(видео)

Во вестите на Сител телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за тврдењата дека идентитетот е заштитен, вели дека се манипулација со чувствата на граѓаните и нивно понижување- Во иднина при отпочнување на преговорите со ЕУ доколку се спротивставиме на иредентизмот тогаш ќе бидеме блокирани и процесот ќе биде запрен.

– Они кажуваат дека го задржале идентитетот, ние ќе се обидеме да докажеме дека тоа не е така, не само што не е задржан туку е и вековно изгубен. Сите сме сведочи дека се колнеше во татковината, дедовината во сопствените деца дека нема да прифати промена на устав а со цел промена на уставното име. Потоа даваше интервју за една телевизија од соседството дека он е претседател во зградата во која што стои таблата влада на Република Македонија и дека нема да се сложи да се промени тој натпис. Еве гледаме сега нема да биде повеќе влада на Република Македонија, туку ќе биде блада на Република Северна Македонија, нема да биде повеќе Македонска опера и балет, туку ќе биде опера и балет на Република Северна Македонија појаснува Мицкоски.

Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која своето битисување го темели на народот и исклучиво ќе ја донесе одлуката во консултација со народот, кога станува збор за историска одлука која што го тангира народот генерациите што доаѓаат. Во членот 8 од договорот кој предвидува формирање на комисија помеѓу двете држави Република Македонија и Грција задача на таа комисија ќе биде да ја ревидира историјата, археологијата и образованието.

– Се она што ќе биде детектирано како иредентизам од нашиот јужен сосед ние ќе треба да го прифатиме или да го одбиеме. Ако го одбиеме, а замислете сме започнале преговори со ЕУ, веднаш ќе има стоп и тоа ќе биде рампа и нема да може да се напредува понатаму, вели Мицкоски.

Мицкоски објаснува дека, иредентизмот на нашиот јужен сосед оди дотаму сето она што се употребува Република Македонија да се избрише. Најавија дека околу 4.000 економски оператори ќе треба својот назив да го променат. Ако се каже не во процесот на преговорите околу употребата на нашето име тие ќе кажат не во процесот на преговори со Европската унија.

– Јас само се обидувам да ја побијам тезата дека е заштитен идентитетот, тоа претставува чиста небулоза и класична злоупотреба на чувствата на граѓаните и нивна навреда. Нашиот преговарачки тим вели дека не го прифаќаме тој иредентизам што е спротивен на нашите национални интереси, тогаш континуирано ќе бидеме стопирани во процесот на преговори со Европската унија, објаснува Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top