| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид затрупан со тужби и долгови: Има 428 судски спорови против Општината

nikola bakraceski

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска изјави дека на самиот почеток кога ја презел функцијата открил дека Општината има 32 милиони евра долгови кон голем број физички и правни лица, прекубројна, неорганизирана и неефикасна администрација која броела дури 265 вработени, 428 судски спорови против општината за неподмирени обврски и блокирана жиро-сметка за цели 14 милиони евра.

– Заради динамизирање процесот на легализација на бесправно изградените објекти, формиравме 20 тима од по двајца вработени во локалната администрација, кои од април до јуни посетија околу 5000 дома, за на барателите да им ја објаснат постапката за легализација. Како резултат на таквиот пристап во периодот април-јули, издадени се 221 решение за легализација на бесправно изградени објекти, а од две формиравме четири комисии кои исклучиво ќе работат на процесот на легализација на објектите – вели Бакрачески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top