Вечерата ќе биде организирана на 13. следниот месец во куќата на Цукерберг во Калифорнија, со цел да се соберат средства за реизборот на Кристи. Сите кои сакаат да учествуваат на вечерата ќе мораат да платат 3.800 долари.
Сопственикот на Фејсбук досега не даде поддршка ниту за демократите ниту за републиканците, и покрај тоа што два пати се сретна со претседателот на САД, Барак Обама.
Портпаролот на Фејсбук, Сара Фајнберг, истакна дека Цукерберг се запознал со гувернерот Кристи пред две години, кога тој донираше пари за училиште во Њу Џерси кое имаше проблеми со системот.
Кристи се споменува како еден од можните кандидати за претседател од републиканците на изборите во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нешто се случува: Избришани сите пораки на Цукерберг на Фејсбук!
-
Творецот на „Фејсбук“ конечно дипломираше, а на својот профил Цукерберг напиша: Мамо, ти реков дека еден ден ќе се вратам дома со диплома!
-
Цукерберг открива што сè е потребно за да се отстрани политичар од Фејсбук
-
Основачот на „Фејсбук“ со исповед: Сопругата трипати имаше спонтан абортус