„Фејсбук“ ги избришал приватните пораки кои ги испраќал извршниот директор Марк Цукерберг, како и на многу членови на извршниот менаџмент во текот на изминатите години.
Бришењето на пораките не е опција која Фејсбук ја нуди на „обичните” корисници, иако WhatsApp дозволува можност пораката трајно да се избрише.
Од компанијата велат дека ја донеле оваа одлука по познатото хакирање на мејловите на Сони во 2014 година, и поради загриженоста дека по неодамнешниот скандал околу протекувањето на податоци и „Фејсбук“ ќе стане жртва на хакери.
Иако „Фејсбук“ нуди опција да ја избришете сопствената порака, пораката сепак останува кај испраќачот. Меѓутоа, во случајот на Цукерберг и одредени вработени во компанијата се избришани и пораките на оние со кои тие се допишувале.
Пораките на Цукерберг биле упатени кон членови на компанијата, но и кон поединци кои работат во фирмата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.