Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг на оваа социјална мрежа објави дека наскоро ќе стане татко, но исто така откри дека тој и неговата партнерка, долго време се обидувале да добијат дете.
Во неговиот подолг статус, тој се исповеда за проблемите што ги имале со сопругата, и искуствата со спонтаниот абортус:
-Ова ќе биде ново поглавје во нашиот живот. Ќе се концентрираме да создадеме подобар свет за нашето дете и за следните генерации. Веќе неколку години безуспешно се обидувавме да добиеме дете, но трипати го загубивме. Кога човек ќе дознае дека ќе добие дете, првата емоција која го обзема е надежта и почнува да фантазира за иднината на детето и да замислува со што ќе се занимава. Почнуваш да правиш планови, кои во следниот момент исчезнуваат.Тоа искуство е тешко, многу луѓе не зборуваат бидејќи се плашат дека нивните проблеми ќе ги дистанцираат од другите луѓе и лошо ќе се одразат врз нив. Поради тоа, се борат сами. Во денешниот отворен свет во кој се користи интернет, разговорот за овие теми нема да не оддалечи, туку напротив. Ќе не зближи. Ќе создадеме разбирање, толернација, но и надеж. Кога искуството го споделивме со пријателите, тогаш сфативме колку спонтаниот абортус е честа појава. Многу наши пријатели го имале истиот проблем, а сега имаат здрави и напредни деца. Се надеваме дека нашата приказна ќе им влее надеж на луѓето и другите ќе ги инспирира во својата приказна – напиша Цукерберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
14-годишното девојче што абортираше минало месеци пекол, ОЈО кривично гони три лица
-
На ГАК абортирало 13-годишно девојче
-
Нешто се случува: Избришани сите пораки на Цукерберг на Фејсбук!
-
Творецот на „Фејсбук“ конечно дипломираше, а на својот профил Цукерберг напиша: Мамо, ти реков дека еден ден ќе се вратам дома со диплома!