Гламур, пари и армија фанови…тоа е она што сите прво го помислуваме кога ги гледаме фудбалските ѕвезди. Но за некои од нив патот до успехот бил трновит. Таква е животната приказна и на фудбалерот Душко Тошиќ, сопруг на Јелена Карлеуша.
Српскиот репрезентативец израснал во мало место Орловат кај Зрењанин, во куќа полна со љубов, но со малку финансиски средства за живот. Родителите на Душко толку немале пари, што поради сиромаштија морале да го испратат во домот за сирачиња „Ангелина Којиќ Гина“, каде се образувал и тренирал спорт, од кој успеал да заработи милиони.
Иако родителите често го посетувале, сепак за Тошиќ најмногу се грижеле вработените во институцијата.
Сега кога е голема спортска ѕвезда, Душко одлучи да им се одолжи и да им покаже дека не ги заборавил убавите моменти во тој дом.
Според пишувањата на српските медиуми, Тошиќ секоја година донира огромна сума на пари, за да им овозможи подобри услови за живот на децата кои живеат таму.
Екипата на Вип магазин го посетила Домот за деца, а близок пријател на фудбалерот открил дека не сакал никој да знае за неговите хуманитрани дела.
-Само блиските луѓе знаат како му влијаеше тоа што порасна во Дом за деца. Често со насмевка на лицето знае да се потсети на одредени случувања. Никогаш не криеше дека пораснал таму, а со првиот договор вети дека ќе им помага на луѓето кои му помогнале кога немаше ништо.Поминаа десетина години откако првпат донираше пари, а потоа стана традиција- вели изворот и додава дека Тошиќ сака да купи мини стадион и опрема за фудбал за сите деца кои живеат таму, а сакаат да се занимаваат со овој спорт.
Од друга страна, вработените во Домот за деца не сакаа да зборуваат за донациите на фудбалерот, но открија дека се гордеат со него.
-Душко отсекогаш беше добро и скромно дете. Сакаше да тренира. Кај нас беше три години, родителите често го посетуваа. Верувајте ми, ако постои добар човек, тогаш тоа е Душко- изјави еден од вработените.
Новинарите го посетиле и родното место на Тошиќ, а првиот сосед откри зошто Душко одлучил да им направи нов дом на родителите.
-Откако почна да ниже спортски успеси, зборуваше дека на своите ќе им направи дом. Душко ги плати најдобрите работници, а домот беше изграден за помалку од три месеци. Се изненадив кога изгради куќа која не се разликува од другите куќи во селото. Парите не го променија- вели Живадин и додава:
-Кога ќе дојде со ќерките задоволство е да ги гледате како играат во дворот. Не ги заборава ни соседите, прашува што треба, помага и финасиски, иако никој не му бара пари. Слушнав дека помага и во Домот за деца каде што порасна- вели првиот сосед на Душко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
Душко годишно ќе заработува 5,8 милиони па ја честеше жената: Јелена Карлеуша купува авион од 2 милиони евра!
-
Ќеркичката сепак нема да им остане сираче – човекот кој пукаше во сопругата и себе си, е надвор од животна опасност!