Дете загинало во сообраќајна незгода на патот Неготино – Демир Капија. Во несреќата, која се случила пред еден час, учествувале два автомобила од кои еден со српски регистарски таблички, кој се движел кон Грција.
Се работи за 11-годишно дете од Србија кое им подлегнало на повредите откако „опелот“ со српски регистараски таблички, кој го управувал 46-годишниот татко на момчето, излетал од патот.
Освен детето и таткото С.Ш., во автомобилот патувале и мајката О.Ш. и шестгодишната сестра на загинатото момче.
Мајката, таткото и 6-годишното девојче биле пренесени во болница. Тие заработиле повреди, но биле во свесна состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.