| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалер не можеше да ја извади бурмата, па не влезе во игра (ВИДЕО)

Почетокот на дербито во унгарското првенство меѓу Дебрецен и МТК Будимпешта доцнеше седум минути затоа што десниот бек на домашните, Словакот Ерик Чикош, никако не можел да го извади венчалниот прстен од прстот.

Според правилата на ФИФА и УЕФА, секаков накит кој вклучува прстени, белегзии и обетки е забранет и мора да се тргне пред влегувањето на терен.

Ерик Чикош долго време пробувал да го извади прстенот а не помогнале ни луѓето од стручниот штаб, ни четвртиот судија па на крајот место него на терен влегол Ерик Кусњир. Главниот судија на мечот Балаш Берке немал намера да отстапи од правилникот:

Средбата заврши 3-3 откако седумкратниот унгарски шампион Дебрецен даде два гола во финишот и успеа да израмни. Дебрецен е четвртопласиран во моментов со девет бода од пет меча и има еден поен помалку од 23-кратниот шампион МТК којшто е трет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top