| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледаше италијанското деби на Роналдо? (ВИДЕО)

33-годишниот Португалец одигра 90 минути како најистурен напаѓач на Јуве на гостувањето во Верона против Киево.

Деветнаесет дена по првиот тренинг со Јуве, CR7 го имаше и првото „италијански фудбалско крштевање“.

За тоа колку придонесе за популаризација на Серија А, говори и фактот што Киево продал најмалку 32.000 влезници за мечот со Јувентус, што е апсолутен клупски рекорд и за 50% поголема продажба од последниот дуел меѓу Киево и Јуве.

На трибините имало 114 акредитирани новинари, појава што стадионот „Бендеготи“ не ја памети.

И покрај тоа што неочекувано губеше со 2-1 на „Бентегоди“, Јувентус до крајот со гол во 93’ минута на Бернардески, направи целосен пресврт и со 2-3 ги освои трите бода на отворањето на сезоната.

Кристијано не постигна гол иако имаше 8 шута од кои 4 во рамките на голот. Во однос на другите параметри на неговиот учинок, Роналдо имаше 90% успешни додавања, две создадени шанси за гол, 57 контакти со топката, 2 центаршути и 3 добиени воздушни дуели.

-Роналдо е во добра физичка форма. Тренираше со нас седум дена и изгледа добро. Жалам што не можеше да даде гол вечерва. Воодушевен сум како се вклопи во тимот. Во соблекувалната изгледаше среќен од победата, изјави тренерот Макс Алегри веднаш по мечот.

Кристијано во Јувентус дојде во „трансферот на векот“ како што го нарекоа италијанските медиуми. „Старата дама“ за него плати 117 милиони евра плус бонуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top