| четврток, 6 декември 2018 |

Заев опозиционерот vs Заев премиерот – владиното рекламирање одеднаш стана добро

Министерката Мила Царовска денеска не откри колку средства од ресорот труд и социјала ќе се скратат и пренасочат во пропагандискичкиот период пред референдумот. За разлика од нејзината колешка Радмила Шеќеринска, која вчера најави дека институцијата што таа ја води ќе даде близу еден милион евра, Царовска денеска не кажа колку. Рече владата правела анализа, па деновиве ќе се знаело.

Во меѓувреме не стивнуваат реакциите на јавноста. Прво заради тоа што се работи за буџетски пари, а процентите од последните анкети покажуваат дека референдумското изјаснување нема силна поддршка, но и заради тоа што Зоран Заев како опозиционер и во првите денови од мандатот беше дециден дека било каков облик на владино рекламирање ќе се укине. Тоа ги заробувало медиумите и ја гушело слободата велеше Заев.

Ги прекинавме владините реклами кои беа назначени од домашните и меѓународните фактори како извор на притисоци и контрола врз медиумите, а ќе ги објавиме сите досегашни трошоци за овие реклами, рече Заев, на 5 септември 2017 година.

На ова експозе, по повод 100 дена влада, а пред локалните избори, премиерот меѓу другото рече дека се направени сите подготовки што секој владин функционер мора да ги избегнува во време на предизборието, како и кои се последиците од кршењето на Изборниот законик. Зошто сега власта не се држи до овој принцип?

Сега, и покрај предупредувањата дека со парите за јавна пропаганда се крши законот за референдум, премиерот сепак е решен да ја истурка до крај.

Останува отворено од што ќе скратат министерствата за да инкасираат во референдумот. Но, и кој ќе ја сноси одговорноста за потрошените средства ако референдумското изјаснување едноставно остане игнорирано а Собранието ја истурка до крај работата со преспанскиот договор – внатре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top