Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се пофали дека се отпочнало со изработка на енергетски ефикасна фасада на средното училиште Јосип Броз Тито. Доколку се пребара на сајтот на градот Скопје ќе се види дека иста таква фасада е наравена 4 години порано, објави Курир.
Градскиот татко промовираше проект кој е завршен пред 4 години.
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, пред два дена го посети СУГС „Јосип Броз Тито“, каде што рече дека е во тек реконструкцијата на фасадата и на надворешната столарија на училишниот објект.
На сајтот на градот Скопје стои иформација дека средното училиште добило енергетски ефикасна фасада пред 4 години.
Упатените велат дека може да се работи на внатрешна реконструкција, но не и на фасадата бидејќи енергетски ефикасна фасада доби училиштето во 2014-та година како резултат на заеднички напори на градот Скопје, тогашниот градоначалник Трајановски и германската амбасада која финансираше дел од средствата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“