| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ обезбеди финале во Синсинати

Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на Мастерсот во Синсинати, а за пласман на завршниот меч се избори со победата над Марин Чилиќ со 2:1 во сетови.

Српскиот тенисер има посебни амбиции на овој турнир кој е единствениот Мастерс кој го нема освоено во кариерата, а мотивираноста ја покажа и во најважните моменти на мечот со хрватскиот ривал.

Ѓоковиќ првиот сет го доби со 6:4, Чилиќ израмни освојувајќи го вториот со 6:3, а во третиот разликата беше направена кога Србинот направи брејк за 5:3, што во следниот гејм го претвори во победа во полуфиналето.

Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе му биде подобриот од мечот Гофан-Федерер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top