| четврток, 6 декември 2018 |

Мики Секуловски со уште една рок-балада (ВИДЕО)

Рок-баладата, испеана со енергичност карактеристична за него, е новата песна на еден од момците кои го обележаа првото издание на „Македонски идол“, велешанецот Мики Секуловски.

Miki Sekulovski 2

Музиката и аранжманот на „Заборави на мене“ се на Зоран Алексиќ, гитарите во песната му припаѓаат на Ристе Шандаров, додека, пак, текстот го напиша самиот Мики . За песната веќе се подготвува видеоспот, но премиерата најверојатно ќе биде некаде во септември.

Овој период, покрај активните настапи на Мики, тој активно работи и на деби-албумот кој се очекува да се појави до крајот на годинава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top